Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година.

НЛБ Банка оствари нето - добивка во износ од 44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 6,9 % и раст на депозитите од 8,1 % споредено со истиот период претходната година.

Позитивните деловни перформанси на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари. Воедно, успешното работење на Банката е и резултат на внимателно управување со ризиците, оперативната ефикасност, како и постојаната посветеност за подобрување на корисничкото искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.

 

Во деветте месеци од годинава, НЛБ Банка реализираше и поддржа низа општетствено одговорни проекти и активности од областа на спортот, културата и традицијата, образованието и финансиската едукација, помош при катастрофи и поддршка на ранливи и маргинализирани групи.

 

Во споменатиот период започна втората сезона на проектот за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“, а Банката и годинава застана зад годишната програма на „Специјалната Олимпијада“, но и зад многу професионални спортски клубови и федерации. Традиционално, НЛБ Банка ги поддржа Галичка свадба, Охридско лето, Скопскиот џез фестивал и низа други проекти значајни за заедницата.

 

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе