Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС термимал

НЛБ Банка воведува нова услуга, целосно ново технолошко решение за прифаќање на бесконтактни плаќања со картички, NLB Smart POS, со кое трговците можат да го користат мобилниот телефон како ПОС терминал.

NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава, една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која им овозможува на трговците да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер.

NLB Smart POS претставува совршена алатка за сите трговци како ресторани, фризери, козметички салони, такси возачи, цвеќарници, пекари, курири, кои до сега не можеа да им понудат на своите корисници начин на плаќање без готовина.  Со помош на апликацијата NLB Smart POS, трговците од сите големини, особено малите и средни, отсега можат да ги наплаќаат своите производи и услуги без готовина, без потреба да имаат стандарден ПОС терминал, со едноставно и безбедно прифаќање на плаќања со картички преку мобилен телефон.

 

Апликацијата NLB Smart POS е инсталирана директно на мобилниот уред на трговецот и/или неговиот продажен персонал, а сите наплатени средства стигнуваат на сметката на трговецот. На тој начин телефонот може да прифаќа бесконтактни плаќања со платежните картички на VISA и Mastercard издадени од која било банка, преку мобилните апликации за плаќање Google pay, Garmin Pay и други.

 

NLB Smart POS има бројни придобивки и за сопствениците на бизниси и за клиентите, физички лица. Благодарение на можноста за бесконтактно плаќање со картичка или мобилен уред на кое било место или повеќе мобилни уреди на едно продажно место, сопствениците на бизниси имаат можност да ја зголемат продажбата, а клиентите имаат подобрено корисничко искуство. Дополнително, голема предност за трговците е што апликацијата е бесплатна за преземање на Play store, а воедно и поедноставна за инсталирање и одржување за разлика од стандардниот ПОС терминал.

NLB Smart POS е достапен за сите трговци, без оглед на продажната или услужната дејност за која се регистрирани. За сите нови корисници на услугата до 30.06.2024, НЛБ Банка овозможува промотивна поволност, 6 месеци без месечен надоместок за користење на NLB Smart POS.

За повеќе информации за апликацијата може да се јавите во Контакт центарот, на телефонскиот број 15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе