Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење

НЛБ Банка успешно ја заврши 2023 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.

Работејќи согласно усвоената годишна деловна политика, НЛБ Банка покажа силна посветеност за финансиска поддршка на населението и бизнис секторот и придонес кон локалната економија, поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и непоколеблив стремеж кон одржливо работење. 

 

Во анализираниот период НЛБ Банка забележа раст на вкупните кредити од 4.3% и зголемување од 10.1% кај кредитирањето во секторот домаќинства во однос на 31.12.2022 година, како резултат на зголемениот пласман на потрошувачките и станбените кредити. Истовремено, Банката забележа и раст на довербата на депонентите што резултираше со зголемување на вкупните депозити за 2.6% споредено со истиот период претходната година.

Нето добивката на Банката изнесува 3.216.860 илјади денари што се должи на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на вниимателното управување со ризикот, оперативната ефикасност, и постојаната посветеност за унапредување на корисничкото искуство.

Во текот на годината, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои признанијата од картичниот партнер Visa за лансирање на Google Pay, извонреден раст во безготовински плаќања со НЛБ Visa картичките и први на пазарот со мобилна апликација за прифаќања на плаќања со картички; благодарница од Црвениот крст за покажаната хуманост и солидарност за настраданото население во земјотресите во Сирија и Турција; признание за најпосакуван работодавач меѓу финансиските институции во земјава од Вработување.ком, а реномираниот финансиски магазин EMEA Finance во текот на 2023 година по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“, што е уште една потврда за успешното работење на Банката. Воедно, НЛБ Банка е избрана и за компанија со најдобри практики во стратешката корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД - Партнерство за давање (P4G), Американската стопанска комора во Македонија и организацијата „Конект“.

Клиентите и нивното задоволство остануваат во фокусот на работењето на НЛБ Банка, сè во рамките на целите за одговорно делување. Банката ќе продолжи со кредитирање на населението и стопанството со фокус на зелените проекти, дигиталната трансформација, унапредување на дигиталните канали со фокус на мобилното банкарство и имплементација на иновативни и дигитални финансиски решенија за унапредено корисничко искуство и ќе остане посветена на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе