Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Зелен потрошувачки кредит со најниски каматни стапки, промотивно до крајот на годината

Следејќи ја стратегијата за зелено финансирање од сопствени извори и амбициозните цели за управување со животната средина, НЛБ Банка го освежува своето „зелено“ портфолио со дополнително намалување на каматните стапки кај Зелените потрошувачки кредити, дизајнирани уште повеќе да ги охрабрат и поддржат одржливите избори на потрошувачите.

Клиентите кои до 31 декември годинава ќе аплицираат за Зелен потрошувачки кредит, добиваат единствена можност кредитот да го добијат со фиксна и најниска каматна стапка од 4,5 % за целиот период на отплата.

Зелениот потрошувачки кредит на НЛБ Банка претставува поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор и можност клиентите - физички лица, при изведба или реновирање на постоечки објекти, да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење во домот. Покрај ова, НЛБ Банка овозможува со Зелениот потрошувачки кредит да се покријат и сите трошоци за дополнителни материјали, работна рака, монтажа и сл. кои се неопходни за инсталирање на основната зелена технологија.

 

Инаку, целокупното зелено порфтфолио на НЛБ Банка нуди поповолни каматни стапки од стандардните кредитни продукти што е дел стратегијата на Банката за одговорно кредитирање, а во насока на зелена транзиција и позитивно влијание врз животната средина.

 

НЛБ Банка ја имплеметираше одржливоста како концепт во сите свои деловни операции и практики кое сè повеќе стануваат приоритет на локално и регионално ниво на сите пазари каде е присутна НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата е меѓу првите во финансиската индустрија во југо-источна Европа која постави амбициозни цели за управување со животната средина и социјалните аспекти, фокусирајќи се на воведување производи кои промовираат одржливост и енергетска ефикасност.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе