Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Склади влезе на македонскиот пазар со преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје

НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о. денеска, по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го заврши преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје. Купопродажен договор со компанијата Генерали Инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје е потпишан во ноември 2023 година.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува силно присуство на пазарот. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка на Групацијата во однос на вкупната актива, заземајќи системски важна позиција со пазарен удел од повеќе од 16% мерено според вкупната актива, и над 20% кај кредитите и депозитите кај населението. Од друга страна, гледаме многу можности за раст, затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија на крајот на 2022 година, а сега го комплетираме нашето портфолио на производи со услуги за управување со средства“, објасни Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ.

„Во НЛБ Групацијата веруваме во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив на ваква понуда, затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади. По завршувањето на трансакцијата, на клиентите наскоро ќе им биде понуден проширен опсег на средства, додаде тој. Тој дополнително објасни дека НЛБ Групацијата има намера и во иднина управување со средства  да организира под капата на НЛБ Склади.

 

НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.

 

Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 48 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден паричен и еден комбиниран).

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе
09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе