Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Рамката за помош годинава во потрага по проекти кои го подобруваат општеството

Денеска започнува четвртата сезона на НЛБ Рамката за помош со вкупен фонд од 100.000 евра со кој НЛБ Групацијата ќе ги награди трите најдобри регионални идеи за подобро општество.

Проектот, во кој во изминатите три сезони беа вклучени стотици регионални компании, овојпат под слоганот „Градиме подобро општество“ бара микро, мали и средни компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност и кои со своите идеи, иновации и деловно работење се занимаваат со актуелни општествени прашања и помагаат да се справиме со предизвиците во општеството, системските нееднаквости и грижата за благосостојба на поединците.

 

Одржливиот развој е од особено значење за НЛБ Групацијата во последните неколку години. Се обидуваме значајно да го интегрираме во сè повеќе наши активности и програми - во нашето секојдневно работење, во решенијата што ги дизајнираме за клиентите, во грижата за вработените, во деловните одлуки и потези. Свесни сме за нашата одговорност и сакаме да бидеме лидери преку пример, поради што ги отвораме и промовираме прашањата за одржливост во регионот со проекти како што е НЛБ „Рамката за помош“, објасни Блаж Бродњак, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Групација.

 

Откако во изминатите години еколошките прашања многу интензивно беа комуницирани, социјалните теми се наметнаа како голем предизвик во последните години. Идеите и проектите со кои досега се запознавме преку НЛБ Рамката за помош отсекогаш нè импресионирале. Навистина е неверојатно колку потенцијал и енергија се крие во нашиот регион, кој исто така го претвораме во дом полн со можности преку проекти како овие“, додаде Бродњак.

Десет локални финалисти и тројца регионални победници

 

Право на учество во проектот #РамкаЗаПомош имаат микро, мали и средни компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност кои со своите идеи, иновации и деловно работење се занимаваат со актуелни општествени прашања.

 

Сè што треба да направат заинтересираните е, најдоцна до 10 март 2024, да пополнат едноставен онлајн формулар на веб-страницата на НЛБ Банка и да ја претстават нивната одржлива идеја која има социјален импакт и се интегрира во локалната/регионалната средина.

 

По затворањето на конкурсот, локална комисија ќе ги избере 10-те најдобри, одржливи идеи од Северна Македонија кои НЛБ Банка ќе ги награди со посебни поволности – паричен износ од 60.000 мкд и бесплатна Visa картичка, а воедно финалистите ќе добијат и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на НЛБ Банка и медиумските партнери ТВ Канал 5, Фактор и Убавина и здравје.

 

Финалистите од Северна Македонија ќе бидат дел од 60те регионални финалисти од кои во следниот круг, жири комисија составена од меѓународни експерти ќе ги избере тројцата регионални победници кои ќе ги понудат најдобрите решенија. За нивна поддршка НЛБ Групацијата обезбеди вкупно 100.000 евра, од кои најдобриот проект ќе биде награден со 50.000 евра, второпласираниот проект со 30.000 евра, а третопласираниот со 20.000 евра.

 

Повеќе информации за правилата и условите за овогодинешната #РамкаЗаПомош се достапни овде.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе