Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во

Минатата недела, „мајката природа“ уште еднаш нè потсети на нејзината огромна сила. Обилни дождови со невидена разурнувачка моќ предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Босна и Херцеговина и одзедоа многу човечки животи, најголемата загуба за сите.

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја. Донацијата ќе биде насочена кон хуманитарни организации, осигурувајќи дека помошта ќе стигне до оние на кои таа им е најпотребна.

 

„Во Словенија, сè уште се свежи сеќавањата на август минатата година и поплавите кои опустошија цели области на нашата земја. И сега, сцените кои доаѓаат од нашиот матичен регион каде што живеат толку многу наши пријатели и колеги од нашите банки се особено болни. Но, катастрофата ни дава можност уште еднаш да покажеме како, кога е најтешко, стоиме еден до друг. И да докажеме дека човечката волја, срце и солидарност се посилни од неуништливата сила на природата“. - истакнува Главниот извршен директор на НЛБ д.д Љубљана, Блаж Бродњак, најавувајќи ја донацијата на Групацијата.

 

Сите банки од пазарите каде што работи НЛБ Групацијата – Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Косово се вклучија во помошта со донација. НЛБ Банка Скопје донацијата ќе ја насочи преку „Фондот на солидарноста“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

 

„Она што го гледаме изминатите денови во Босна и Херцеговина не може никого да остави рамнодушен. Потресно е да се слуша за изгубени човечки животи и да се гледа како луѓето ги губат своите домови и сето она што го стекнале во животот. Имаме одговорност да се обединиме и да помогнеме, бидејќи овој регион не е само точка на мапата, туку е и наш дом“. - изјави Тони Стојановски, Председател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

Со ваквите активности, НЛБ Групацијата докажува дека не е само банка, туку еден од клучните, системски градбени блокови на општествата и економиите во овој регион. Групацијата, покрај потенцијалот, ги препознава и тешкотиите, обезбедува поддршка кога е потребна и на тој начин создава подобар свет.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе