Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Групација отвoра меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот

НЛБ Групацијата ги повикува младите уметници од Југоисточна Европа да ги достават своите интермедијални уметнички дела на меѓународен јавен повик. Конкурсот ќе биде отворен до 21 март 2024 година, a наменет e за уметници помлади од 35 години.

Победничкото уметничко дело ќе го купи НЛБ Групацијата и ќе биде изложено во Галеријата „Банкариум“ во Љубљана заедно со останатите најдобри дела од јавниот повик.

 

НЛБ Групација не е само водечка банкарска и финансиска групација со седиште и стратешки интерес во Југоисточна Европа, туку и важен поддржувач и покровител на регионалната култура и уметност. За таа цел, НЛБ Групацијата ја формираше програмата за културно наследство НЛБ МУЗА, која се состои од уметнички и музејски збирки, како и музеи и галерии на НЛБ Групацијата. Дел од програмата на НЛБ МУЗА е и колекцијата за современа уметност „SEE Art“ (Уметноста на Југоисточна Европа), основана во јануари 2023 година.

 

Со купување, презентирање и промовирање на современата уметност, НЛБ Групацијата станува нејзин главен поддржувач и партнер во Југоисточна Европа.

Кој може да аплицира?

 

Групацијата ги повикува младите уметници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово да земат учество на меѓународниот јавен повик. Тие можат да ги пријават своите уметнички дела од областа на интермедијалната уметност, создадени во последните пет години. Најдобрите дела ќе бидат изложени на отворањето на галеријата „Банкариум“ во Љубљана, а победничкото дело ќе го купи НЛБ Групацијата и ќе биде вклучено во колекцијата „SEE Art“.

 

Повеќе информации за меѓународниот јавен повик се достапни на следниот ЛИНК.

 

Уметничките дела кои ќе пристигнат на меѓународниот јавен повик ќе ги оценува петчлена меѓународна експертска комисија во состав:

  • Тевж Логар, независен кустос, уредник и писател, претседател на Уметничкиот совет на НЛБ;
  • Маја Колариќ, историчар на уметност, кустос и директор на белградскиот музеј на современа уметност, член на Уметничкиот совет на НЛБ;
  • Мира Гаќина, историчар на уметност и критичар, кустос, член на Уметничкиот совет на НЛБ;
  • Ана Херман, менаџер на комуникациски проекти во НЛБ; и
  • Матко Миоч, директор на Институтот за културно наследство НЛБ.

 

Што се бара?

 

Уметнички дела кои одговараат на концептот на „SEE Art“., а ги претставуваат различните култури, идентитети и сеќавања, кои со текот на времето ја обликувале нашата заедничка историја во регионот на Југоисточна Европа. Колекцијата има за цел да го подобри разбирањето и знаењето за различните културни и општествени средини, да промовира толеранција и различност, а во исто време да раѓа нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност. Новата уметничка колекција ќе понуди автентично и уникатно уметничко искуство, инспирира, мотивира, и е рефлексија на општеството и околината, и игра активна улога во спроведувањето идеи за претчувствата за иднината.

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе