Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведува Garmin Pay - Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се се

Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон

Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во Garmin Pay на нивниот Garmin часовник и да плаќаат брзо, лесно и сигурно, насекаде во светот, со едноставно допирање на часовникот на кој било терминал кој прифаќа бесконтактно плаќање.

Garmin Pay претставува дигитален паричник овозможен на паметен часовник од производителот Garmin. За да ја користат услугата Garmin Pay, клиентите треба да поседуваат Garmin смарт часовник, а за да може да ја преземат апликацијата Garmin Connect, достапна на Play Store и App Store, би требало да поседуваат оперативен систем Android над 7.0 или iOS над 5.0.

 

Процесот на дигитализирање на картичките е брз и едноставен. По инсталирање на апликацијата, клиентот треба да ја избере опцијата Garmin Pay за да се поврзе со паметниот часовник Garmin. Потоа со само неколку чекори: внесување на картичните податоци, креирање четири цифрен ПИН за плаќање, како и внесување на ОТП код добиен по СМС порака на телефонскиот број на корисникот, часовникот е подготвен за плаќање.

 

„Воведувањето на Garmin Pay е чекор повеќе кон дигитална трансформација на нашите банкарски услуги. Во светот на плаќањата кој станува сè подигитален, Garmin Pay е уште една во низата иновативни банкарски услуги кои ги нудиме, одговарајќи на потребите на нашите клиенти кои бараат повеќе флексибилност, мобилност и сигурност во нивните финансиски трансакции.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

 

Garmin Pay е целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошоци за преземање на апликацијата, нема трошоци за додавање до 10 картички, и нема провизија при плаќање. Повеќе информации за услугата може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе