Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите

Следејќи ги своите заложби за унапредување на финасиската писменост, НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите (GMW) која почнува денес, и до 24 март ќе се одбележува низ целиот свет.

Глобалната недела на пари е интернационална годишна кампања која вообичаено има за цел да ги инспирира децата и младите да научат за парите, штедењето, обезбедувањето средства за егзистенција, да им помогне при вработување и препознавање на личниот претприемачки потенцијал.  

 

Годинава, Глобалната недела на парите се одбележува под мотото  „Заштити ги своите пари, обезбеди ја својата иднина“, тема која се обраќа на сите корисници на финансиски услуги и адресира значајни финансиски предизвици. Истата е поврзана со заштита на парите, но не само во однос на финансиските ризици, туку и во однос на другите ризици вклучувајќи фишинг, мулинг на пари, он-лајн шопинг измами, ризици поврзани со приватноста на податоците, кражба на идентитет и други форми на финансиска злоупотреба.

Токму на овие теми, за време на Глобалната недела на парите, НЛБ Банка преку своите профили на социјалните мрежи, повторно интензивно ќе комуницира содржини, со цел унапредување на финансиската писменост и зголемување на сајбер безбедноста кај поединци од сите возрасти.

 

„Со брзата еволуција на дигиталното банкарство и он-лајн трансакциите, разбирањето на овие ризици стана покритично од кога било досега.  Финансиската писменост ни помага полесно да ги препознаеме и ублажиме потенцијалните закани. Ние во НЛБ Банка веруваме дека едукацијата на клиентите за овие ризици е од суштинско значење за справување со сложениот пејзаж на финансиски ризици, заштита на нивните податоци и средства“. – велат од НЛБ Банка.

 

Глобална недела на парите e организирана од Меѓународната мрежа за финансиско образование на ОЕЦД.  Се одбележува со бројни активности ширум светот, вообичаено со образовни иницијативи и информативни програми и содржини кои влијаат врз внимателно носење на финансиските одлуки и заштита од финансиски закани.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе