Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот.

Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

 

Следејќи ја својата стратегија за дигитално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка. Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

 

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

 

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

 

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.  

 

До 25 мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

 

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk,  во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе