Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

„Свет полн со добрина е свет полн со можности“. Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого.

Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна.

И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни прехранбени производи кои ќе им бидат донирани на лица во висок социјален ризик. Дистрибуцијата на хуманитарните пакети со храна ќе  ја направат волонтерите на Црвениот крст, пришто директно ќе бидат опслужени 300 корисници и нивните семејства.

 

Празниците се време кога, повеќе од кога било треба да сочувствуваме и да споделуваме. Ние сме дел од оваа заедница и силно веруваме во важноста од солидарност, хуманост и помагање. Среќни сме кога можеме да помогнеме и кога радоста на празниците можеме да ја поделиме со сите наши сограѓани. За нас, единствено, свет полн со добрина е свет полн со можности и затоа постојано создаваме можности за сите, оставајќи подобри траги за генерациите кои доаѓаат.- истакнуваат од НЛБ Банка.

Храната е основна човекова потреба, но и човеково право и таа треба да е дел од сечиј дом и секоја трпеза. Но и покрај тоа, сведоци сме на поразителни статистики за луѓе кои се наоѓаат во висок социјален ризик и немаат соодветен приход да ги задоволат своите основни потреби. Ова е особено забележително за време на празниците кога борбата за егзистенција преовладува над празничните желби и остава многу лица во неизвесност.

    

Празниците се период кога сите сакаме да подариме насмевка и добар збор. Кога сето тоа ќе се поврзе со перманентна поддршка за ранливите категории тогаш зборуваме за компанија што ги препознава потребите на заедницата и помага таму каде што е најпотребно. НЛБ Банка секоја година мисли на најранливите категории на граѓани и веќе неколку години, крајот на годината го завршува со донација на пакети со храна, лекови наменети за бездомни, стари и изнемоштени лица, како и семејства во социјален ризик. Благодарност до вработените и менаџментот на Банката за нивната хуманост и општестевна одговорност.” – изјавија од Црвениот Крст на Град Скопје.   

     

НЛБ Банка во соработка со Црвениот крст во контунитет реализира бројни донации за ранливи категории на граѓани, потврдувајќи ги своите заложби за поправедно и поинклузивно општество за сите.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе
09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе