Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

НЛБ Банка од денеска повторно ги отвора вратите на својата експозитура „Центар“ (Палета) во Скопје која по само неколку неделното, но сепак обемно реновирање е трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект, нудејќи зголемена удобност и иновативни услуги.

Станува збор за деловен концепт кој на клиентите ќе им овозможи пристап до ново дигитално искуство, пришто досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со безготовинско работење, а исплата и уплата на готовина, плаќање на режиските трошоци и други банкарски трансакции целосно ќе се сервисираат преку 24/7 часовната зона во која се наоѓаат три банкомати за исплата и уплата на готовина.

 

Експозитурата „Центар“ е со површина од 230 м2, а во нејзе се сместени интерактивни зони за консултација со банкарски експерти за финансиско советување, кредитирање и лично банкарство. Ова реновирање е дел од пошироката стратегија за модернизација на продажната мрежа на Банката, водена од забрзаната технологија и сè поголемата побарувачка на дигитални решенија од страна на клиентите чии приоритети стануваат самостојно, симплифицирано, брзо, лесно, а сепак безбедно банкарско работење.

 

Воедно, концептот на модернизација на мрежата на експозитури на Банката ја следи групациската стратегија за одржливо финансиско работење, која во еден сегмент подразбира и автоматизација на процесите и намалување на употребата на хартија или целосно безхартиено банкарско работење онаму каде што е тоа возможно. Експозитурата го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе