Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Во првиот квартал од годината, НЛБ Банка испорача силна кредитна поддршка за населението и домашниот

Со позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето, НЛБ Банка го заврши првиот квартал од годината. Во периодот од 1.01.2023 до 31.03.2023 година, одговарајќи на финансиските потреби на клиентите, Банката испорача силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор, зголемувајќи го пласманот на вкупните кредити и обезбедувајќи раст од 4,9% во овој сегмент, споредено со истиот период претходната година. Истовремено, и вкупните депозити на Банката се зголемени за 2,8%, што во најголема мера се должи на зголемувањето на позитивните салда на трансакциските сметки кај домаќинствата.

Благодарение на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемениот број на корисници на платните сервиси, нето добивката на НЛБ Банка, заклучно со крајот на март изнесува 802.487 илјади мкд.

 

Позитивните деловни перформанси може да се припишат на фокусот на Банката во поттикнување на оперативната ефикасност, обезбедување одлична услуга за клиентите и спроведување на ефективни стратегии за управување со ризик.

      

Во првиот квартал од годинава, НЛБ Банка доби три признанија од картичниот партнер Visa, една од најголемите платежни мрежи во светот и глобален бренд во дигиталните плаќања - едно за исклучителни деловни перформанси и две признанија за извонредни Visa спонзорски активации; со FIFA, за светското првенство во фудбал во Катар, како и за последното филмско остварување на Милчо Манчевски, „Кајмак“. За донацијата наменета за настраданото население по земјотресите во Сирија и Турција, на свечената церемонија по повод 78 години од постоењето на организацијата на Црвениот крст на РСМ на НЛБ Банка и беше доделено признание за несебичниот придонес, покажаната хуманост и солидарност.

      

НЛБ Банка, и натаму, продолжува да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите. Освен тоа, Банката продолжува да работи и на унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе