Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Главен фокус на Банката, силна поддршка на населението и стопанст

Скопје, 26.10.2023 – НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година.

Во споменатиот период, НЛБ Банка обезбеди силна кредитна поддршка на населението и бизнисот, зголемувајќи го притоа пласманот на кредитите кон небанкарскиот сектор и обезбедувајќи раст од 6.2% во овој сегмент споредено со истиот период минатата година, и давајќи значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. 

 

Истовремено, Банката бележи и раст на довербата на депонентите што резултираше со зголемување на вкупните депозити за 2.9% споредено со истиот период лани.

 

Нето добивката на НЛБ Банка, заклучно со крајот на септември изнесува 2.435.542 илјади МКД што се должи на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемениот број на корисници на платните сервиси. Воедно, успешното работење на Банката е резултат и на внимателно управување со ризикот, оперативна ефикасност, како и постојана посветеност за подобрување на корисничко искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.

 

Во наведениот период, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои признанијата од картичниот партнер Visa за исклучителни деловни перформанси и извонредни Visa спонзорски активации, благодарница од организацијата на Црвениот крст за покажаната хуманост и солидарност за настраданото население во земјотресите во Сирија и Турција, признание за најпосакуван работодавач меѓу финансиските институции во земјава од Вработување.ком, а  реномираниот финансиски магазин EMEA Finance по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“, што е уште една потврда за успешното работење на Банката. Воедно, НЛБ Банка е избрана и за компанија со најдобри практики во стратешката корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД - Партнерство за давање (P4G), Американската стопанска комора во Македонија и организацијата „Конект“.

 

НЛБ Банка продолжува да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост .


Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе