Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Силна кредитна поддршка за населението и стопанството и раст на довербата на депонентите

НЛБ Банка успешно ја заврши 2022 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката кои се однесуваат на периодот од 1.01 до 31.12.2022 година. Во текот на минатата година, НЛБ Банка обезбеди силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис, при што оствари раст на кредитите од 8,3% во споредба со крајот на 2021 година.

Потврдувајќи ја својата позиција на системски значајна Банка со висок пазарен удел во банкарскиот сектор во земјата, во 2022 година, НЛБ Банка оствари позитивни деловни резултати, раст на кредитите и депозитите и зголемена нето добивка во однос на претходната година.

Во споменатиот период, и покрај бројните пазарни предизвици и непредвидливиот деловен амбиент како последица на економската криза, НЛБ Банка одговори на финансиските потреби на клиентите и го зголеми пласманот на кредитите, забележувајќи раст на кредитите од 8,3% во споредба со крајот на 2021 година.

 

Истовремено, и вкупните депозити на Банката се зголемени за 4,5% што во најголема мера се должи на зголемувањето на тековните сметки кај домаќинствата и во корпоративниот сектор, при пад на орочените депозити.

 

Благодарение на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголеменот број на корисници на платните сервиси на Банката, нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2022 година изнесува 2.433.910 илјади мкд што претставува зголемување за 9,7% во однос на претходна година.

Во втората половина од 2022 година, НЛБ Банка Скопје најави ново поглавје во своето работење, вложување во придружено друштво НЛБ ЛИЗ & ГО ДОО Скопје. Банката учествува во основната главнина на Друштвото со паричен влог што одговара на 49% од вкупниот основачки капитал на друштвото, заедно со NLB Lease&Gо, д.о.о. Љубљана. Со ова Банката и понатаму ја проширува понудата на финансиски услуги на сите физички лица и компаниии на кои им се потребни лизинг производи.

 

Потврда за успешното работење на НЛБ Банка во изминатата година се и бројните награди и признанија: второ место за првиот банкарски електронски асистент на НЕЛА во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од Порталот „Сајт на годината 2021“; национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“; „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“ од реномираниот магазин EMEA Finance, и дополнителни пет награди во најновото годишно рангирање на магазинот „Finance Central Europe“ во категориите: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал и три признанија од Visa центарот за Банка која покажува извонредни резултати, не само во Р.С.Македонија, туку и во цела југоисточна Европа.

 

НЛБ Банка ја заокружи 2022 година со единаесеттото признание за „Банка на годината за 2022“ од реномираниот интернационален финансиски магазин „The Banker“, со што уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во Р.С.Македонија.

 

Очекувањата на Банката се дека во претстојниот период ќе се одржи макроекономската стабилност на државата, при неизвесен деловен амбиент за реалниот сектор поврзан со последиците од глобалната криза, нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и приватниот сектор во земјата, давајќи значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката ќе бидат дигитализацијата и зголемувањето на дигиталната пенетрација на клиентите преку унапредување на капацитетите на дигиталните канали со што ќе се обезбеди повисоко ниво на достапност на Банката и подобро искуство на клиентите, како и поддршка на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот. Дополнителен фокус е ставен и на проширување на палетата на производи и услуги, со акцент на „зелените“ продукти како одговор на ризиците од климатските промени, како и на грижата за човечкиот капитал на Банката и вложувањата во заедницата.

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

04.12.2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

На престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка Скопје ја понесе титулата „Банка на годината“ за 2025 година. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на ...

Прочитај повеќе
28.11.2025

НЛБ Банка го одбележа 40-годишниот јубилеј со гала концерт-Ноќ на музичко совршенство, и посветеност кон изноредност и заедницата

НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше ...

Прочитај повеќе
27.11.2025

NLBNext Конференција: Иднината на плаќањата и новите хоризонти

Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на...

Прочитај повеќе