Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Промотивно во НЛБ Банка, депозити со атрактивни каматни стапки

Од денеска 15 септември, НЛБ Банка воведува нова, конкурентна промотивна понуда за депозити со атрактивни каматни стапки, дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства.

Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на месец октомври и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари - каматни стапки до 3,5%, и за депозити во евра -  каматни стапки до 2,5%, со рок на орочување до 36 месеци.

Со оваа промотивна понуда, НЛБ Банка им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски аспирации, нудејќи им конкурентни каматни стапки и сигурност на нивните влогови.

    

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за депозит.

    

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе