Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Групацијата ја зајакнува својата позиција во регионот

НЛБ Групацијата и нејзината компанија членка НЛБ Склади, која на клиентите им нуди услуги за управување со средства, испишуваат нова регионална приказна. НЛБ Склади, управување со средства д.о.о. склучи купопродажен договор со компанијата Генерали инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје. Завршувањето на трансакцијата се очекува во првата половина на следната година.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка во Групацијата во однос на вкупната актива, која има системски важна улога, со пазарен удел од повеќе од 16% мерено според актива и над 20% удел на кредити и депозити кај населението, соодветно. Од друга страна, гледаме многу можности за раст. Затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија пред речиси една година и сега го комплетираме нашето портфолио со услуги за управување со средства“. – истакнува Извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак.

„Во НЛБ Групацијата веруваме во развојот на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед. Од една страна, пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, а од друга страна, пазарот е доволно развиен и подготвен за ваква понуда. Затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади. „По завршувањето на трансакцијата, на клиентите ќе им понудиме пристап до инвестициски производи во мрежата на експозитури на НЛБ Банка Скопје и истовремено ќе ја прошириме тековната продуктна понуда.“ -  додаде тој.

 

„Оваа година, Генерали инвестментс Словенија воведува нова стратегија за управување со средства во својот бизнис модел во регионот на Централна и Источна Европа, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на услугите за инвеститорите. Задоволни сме што нашата подружница, Генерали инвестментс АД Скопје, која е основана во 2008 година под покровителство на КД Фондови, станува дел од НЛБ Групацијата, со која тесно соработувавме во Северна Македонија“. - истакнува Претседателката на УО на Генерали инвестментс Словенија, Мелита Рајгељ Озебек.

 

НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со заеднички фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.

 

Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 37 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден паричен и еден комбиниран).

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе