Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ го подобри својот ЕСГ рејтинг

Дали некогаш сте се запрашале каква трага би оставиле зад себе ако вашиот свет денес престане да се врти? Во НЛБ Групацијата, каде наш фокус е создавање на подобар свет, ова прашање си го поставуваме секојдневно.

Како една од клучните банкарски и финансиски институции во Југоисточна Европа, ние сме свесни за одговорноста што ја носиме за нашиот матичен регион. Горди сме што нашите напори и нашиот прогрес се препознаени уште еднаш, што се рефлектираше и со подобрениот ЕСГ рејтинг (животна средина, социјални аспекти и добро управување), добиен од една од водечките независни компании за истражување, рангирање и податоци за ЕСГ во светотSustainalytics.

Во НЛБ, пред нешто помалку од една година го добивме нашиот прв рејтинг за ЕСГ ризик од Sustainalytics. Веќе следната година, значително го подобривме. Имено, нашата банкарска групација доби нов рејтинг за ЕСГ ризик  од 16,0, а од страна на Sustainalytics беше оценето дека постои низок ризик да доживее материјални, финансиски влијанија од ЕСГ факторите. Така, го подобривме минатогодишниот рејтинг за 1,7 поени, а подобрениот рејтинг нè стави меѓу 13% од најдобрите банки, меѓу сите компании оценети од Sustainalytics.

 

Ги подобривме нашите одржливи операции најмногу во областа на ЕСГ ризици и можности во целиот финансиски бизнис, човечки ресурси и етички операции. Понатаму, Sustainalytics откри дека немало активност во Групацијата или во нејзините операции што би имал негативно влијание за акционерите, животната средина или за самото работење. Извештајот може да го најдете овде.

 

Одржливоста не е само обичен збор кој треба да се сфати лежерно. Напротив тоа е многу сериозен и напорен процес, континуиран и навистина долгорочен. Изграден е од мали чекори и промени кои може да изгледаат безначајни поединечно, но кога се гледаат како целина, тие се спојуваат во едно големо, незапирливо движење. И ова е всушност уште поважно од самиот рејтинг за ризик, иако ние, се разбира, сме исклучително горди, бидејќи тоа е резултат на нашите напори и евалуацијата на независни и светски познати експерти. И последно, но не и помалку важно, тоа е и мотивација за нас и поттик за сите засегнати страни да продолжат да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности“, рече извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак по добивањето на новата проценка на ЕСГ ризикот.

 

Рејтингот за ESG ризик, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на оценката на работата на компанијата, фондот или перформансите на акциите, само што овде фокусот е на исполнувањето на стандардите за животна средина (E), социјала (S) и деловно управување (G), наместо на кредитната способност. Во финансискиот свет, овој рејтинг станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и врз нејзина основа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. Пред една година НЛБ беше првата банка во Југоисточна Европа која го доби овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе