Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со пролетна промотивна кампања на кредитите за физички лица

Почнувајќи од 1 март до 31 мај, промотивно во НЛБ Банка, клиентите кои ќе аплицираат за станбен, потрошувачки, хипотекарен или автомобилски кредит добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на недвижност за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

Промотивниот период од три месеци е вистинска можност за сите оние кои мечтаеле за сопствен дом. Oсвен наведените придобивки, НЛБ Банка за клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит, нуди и 10 години фиксна каматна стапка, како и можност за бескаматен кредит за опремување на домаќинството, во соработка со Нептун Македонија. Дополнително, Банката има и широка понуда на градежни компании со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

 

Оваа пролет е вистинско време и за сите оние кои сонувале за нов инструмент, велосипед, мопед, патување, венчавка или реновирање на домот. Сега можат да ги остварат своите желби со НЛБ Банка, искористувајќи ги промотивните придобивки на потрошувачките кредити за кои постапката за одобрување е брза и едноставна. Потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

Воедно, во своето портфолио НЛБ Банка нуди и Зелени кредитни продукти за физички лица преку кои стимулира купување на недвижности со енергетска лиценца, подобрување на енергетската ефикасност на постоечките објекти и инвестирање во еколошки транспорт и е-мобилност со што се придонесува кон намалување на загадувањето на животната средина и емисиите на стакленички гасови во воздухот и одржлив развој. Зелените кредитни продукти се со поповолни каматни стапки од стандардните кредитни продукти и истите се дел од актуелната промоција.

 

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

14.07.2026

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026- Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките

НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум кон...

Прочитај повеќе
10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе