Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со изложба на цртежи ги финализираше активностите по повод „Месецот на штедење“

Традиционално по 12-ти пат НЛБ Банка реализираше уште едно успешно издание на „Месецот на штедење“, кој официјално започна на 26 септември, а денеска со отворање на изложбата на цртежи од ликовниот конкурс и прогласување на победниците во НЛБ Галерија беше заокружена оваа активност.

 

Во  едномесечната кампања, НЛБ Банка ги повика децата од училиштата ширум земјава да цртаат на тема „Штедиме и другаруваме“. Годинава пристигнаа повеќе од 2000 цртежи од 40 училишта од Македонија, а НЛБ Банка, денеска на свечениот настан, ги награди децата-автори на најдобрите цртежи.  За изборот на 20 победнички цртежи  беше задолжена стручна комисија составена од академски уметници, додека останатите 10 беа избрани преку отворено гласање на микросајтот „Штедење“, каде цртежите беа објавени. На среќните добитници, НЛБ Банка  им подари Благодарници, како и штедни книшки со 3000 денари.

Оваа година Банката во соработка со Националната Шаховска федерација, паралелно со ликовниот конкурс, го реализираше и проектот „Шах во училиштата“, чија цел беше обука на наставниот кадар на учениците до петто одделение за спроведување на часови по шах, кој од минатата година е слободна активност за учениците од прво и второ одделение и изборен предмет за учениците од четврто одделение во сите основни училишта во земјава.

 

Секоја година за време на „Месецот на штедење“, покрај ликовниот конккурс, организираме и дополнителна активнсот за училиштата. Поттикнати од темата другарство, оваа година се фокусиравме на шахот. Во време кога децата поминуваат значително време на екран и сведочиме зачестени конфликтни односи меѓу нив, идејата да го популаризираме шахот во училишната средина се покажа како одличен потег. Шахот е спорт кој игра значајна улога во развојот на когнитивните и социјалните вештини, го зголемува коефициентот на интелигенција, промовира критичко размислување и учи основни математички и вербални вештини. Упатуваме голема благодарност до Шаховската федерација кои со огромно срце и наклонетост го прифатија и успешно реализираа проектот. Веруваме дека е ова само почеток и овој умствен спорт во иднина ќе го добие заслуженото место во наставната програма кај децата.“- изјави Бранко Грегановиќ, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

Проектот се реализираше по наставна програма подготвена од сертифицирани шаховски тренери со долгогодишно искуство во работа со деца и како тренери по шах. Беа опфатени вкупно 52 училишта и обучени 205 наставници, во 25 различни населени места низ државата. При посетата на секое од училиштата Банката донираше и шаховски гарнитури според потребите и интересот на одделенијата. На овој начин Банката и федерацијата дадоа свој значаен придонес за одржување на квалитетна настава преку овој изборен предмет. и најважно од сè, популаризирање на овој толку значаен спорт за нивниот правилен развој.

 

И оваа година НЛБ Банка за време на едномесечната кампања посети голем број основни училишта во кои беше изведена забавно-едукативна претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки, а на децата им беа одржани и низа предавања на тема штедење од страна на вработените на Банката.

 

Изложбата на цртежите ќе биде поставена во НЛБ Галерија до 3 декември, а сите заинтересирани посетители можат да дојдат да ја погледнат секоја работен ден од 8-16 часот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе