Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“ според EMEA Finance

Реномираниот финансиски магазин EMEA Finance и оваа година ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“. На годинешните 15-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), НЛБ Банка Скопје 7-ми пат по ред го добива ова признание, што е значајна потврда за успешното работење на Банката.

Главните критериуми според кои се доделува оваа престижна награда се: остварените финансиски резултати, посветеностa кон клиентите, имплементираните иновации во работењето, дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува банката за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

Како што истакнуваат од EMEA Finance oвогодинешните победници се „најдобри во класата“ и заради преземените мерки за да ги ограничат и апсорбираат влијанијата на предизвиците со кои беа соочени економиите минатата година.

 

”Ни претставува задоволство што уште еднаш, седма година по ред нашата Банка ја добива наградата за „Најдобра банка во Македонија “. Тоа е резултат на континуираните напори за постигнување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење. Воедно ова е и потврда за добрата стратегија и доброто системско работење, стручноста и посветеноста на нашите вработени. Не радува што НЛБ Банка е препознаена како иновативна и современа институција ориентирана кон потребите на клиентите и локалната заедница, како Банка која ги следи современите трендови во банкарството, воведувајќи иновативни продукти и која обезбедува значајна  кредитна поддршка на проекти кои придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата.. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најдобра банка во земјава.” – велат од НЛБ Банка.

 

НЛБ Банка Скопје е една од најголемите банки во земјава, финансиски столб на македонската економија, поддржувач на економскиот развој и на бројни општествено корисни проекти во локалната заедница.

 

ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

 

Инаку, покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија НЛБ e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2022 година“ од ЕМЕА Finance.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе