Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay™

НЛБ Банка, следејќи го трендот на дигитално напредни банки, на своите клиенти кои ја користат апликацијата NLB Pay им овозможи плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay™, дома и во над 60 земји во светот.

Унапредената мобилна апликација нуди низа нови функционалности кои дополнително го подобруваат корисничкото искуство на бесконтактните плаќања, овозможувајќи истите да бидат уште побрзи, полесни и посигурни.

NLB Pay мобилниот паричник овозможува дигитализирање на НЛБ Visa и Mastercard  платежните картички во Google Pay™ преку Android смартфон или смарт часовник, и можност за користење и плаќање со сите картички на клиентот во Банката.

 

Апликацијата нуди и преглед на сите направени трансакции со картичките, како и состојба на сметка за секоја поединечно дигитализирана картичка. Дополнителна придобивка на сервисот е можноста за дигитализација на сите картички за лојалност со баркод.

 

Постоечките корисници на NLB Pay потребно е да направат апдејт на апликацијата за да продолжат непречено да ја користат, додека новите корисници на NLB Pay, може да ја преземат апликацијата преку Google Play store, целосно бесплатно. Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Андроид оперативен систем 7.0 и повисоки верзии.

 

Повеќе информации околу функционалностите и користењето на NLB Pay апликацијата може да се преземат / добијат на следниот ЛИНК.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе