Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка „Најпосакуван работодавач“ во категоријата банки по избор на посетителите на вработување.к

Оваа награда ѝ се доделува на банка која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа

Во независната анкета на посетителите на вработување.ком, НЛБ Банка е препознаена како компанија во која работат талентирани и амбициозни луѓе, кои имаат можност во континуитет да се развиваат и да учат, и како средина во која постои колегијалност и емпатија.

“Во НЛБ Банка веруваме дека вработените се нашиот највреден капитал. Токму затоа нашата стратегија, кога станува збор за човечките ресурси, во фокусот го става задоволството на вработените. Постојано инвестираме во проекти кои  ја покажуваат грижата за нашите луѓе и нивните семејства, и проекти кои поттикнуваат ангажираност, развој и лична исполнетост.  Се трудиме да воспоставиме соодветна рамнотежа помеѓу професионалните и приватните обврски, обезбедуваме флексибилна работна средина во однос на локацијата, времето, и работното место и низа други бенефити што нѐ издвојуваат од другите. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најпосакуван работодавач меѓу банките на пазарот.” – истакна по овој повод Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

 

Признанијата беа доделени минатата недела на свечениот настан „Работодавач на Годината“, на кој беа прогласени најпосакуваните компании за работа во осум категории.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе