Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка им оддаде признание на спортистите од Специјална олимпијада на Македонија

Во чест да ги прослави медалите на специјалните олимпијци, денеска НЛБ Банка организираше заедничко дружење со тимот на Специјална олимпијада-Македонија кој од неодамна одржаните Светски специјални олимписки игри во Берлин се врати со пет освоени медали, потврдувајќи дека кога се има силна воља и посветеност не постојат граници.

“За нас, секој еден член, претставник од нашата Специјална олимпијада – Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници на Специјалната олимпијада во Берлин. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно. Но, ниту еден успех не е лесен и секогаш е потешко да се направи нешто сам, а полесно е кога се има поддршка, некој кој безулсовно верува во тебе и кој несебично те поддржува. Огромна благодарност до  НЛБ Банка, без нивната безрезервна поддршка годинава немаше да ни се случи Светската Специјална oлимпијада. Тие години наназад стојат зад нас, потврдувајќи ја својата општествена одговорност, посветеноста кон инклузивно општество и еднакви можности за сите“ – изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална олимпијада – Македонија.

Спортот може да има трансформативно влијание врз сите поединци, а компаниите со својата поддршка можат да бидат инспирација за градење значајни општествени вредности. Она што ја издвојува НЛБ е токму вклученоста на Банката во иницијативи што промовираат вредности, беше истакнато на настанот.

    

„Среќни сме за нашите олимпијци кои успеаа годинава да го дадат максимумот за време на натпреварувањата во Берлин и со петте освоени медали ја докажаа силната посветеност и мотив да се надминат бариерите и да се прошират спортските капацитети и вештини. Тие покажаа дека можат да се носат рамо до рамо со најголемите светски спортски сили и да ја позиционираат својата земја на мапата на светската спортска сцена. Нè направивте горди и ја претставивте Македонија во најдобро можно светло. Ви благодариме за ентузијазмот и успесите! Ја делиме со вас страста за спортот, кој за нас претставува универзален јазик кој ги надминува културните, јазичните и физичките бариери. Вие навистина сте наша инспирација.“ - изјави Бранко Грегановиќ, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка и додаде дека е вистинска чест и привилегија да се биде поддржувач на организација со ваква благородна мисија.

     

Инаку годинава, на Светските специјални олимписки игри македонската делегација ја преставуваа 13 атлети. Од настапите во пет дисциплини: кошарка, пливање, бадминтон, атлетика и пинг-понг македонските репрезентативци освоија вкупно пет медали - еден златен, два сребрени и два бронзени медали.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе