Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Наградна игра „Со мКлик најава до смарт награда“

Од денеска, 16-ти октомври НЛБ Банка започнува наградна игра во сегментот на мобилното банкарство за физички лица, повикувајќи ги сите постојни, но и нови корисници на НЛБ мКлик мобилно банкарство да земат учество и да станат потенцијални добитници на вредни награди.

Право на учество во наградната игра имаат сите постојни и нови корисници кои во промотивниот период од 16-ти октомври до 15-ти декември ќе jа активираат НЛБ мКлик мобилната апликација. Сè што треба да направат за време на промотивниот период е најмалку еднаш да се најават, односно да се логираат со својата лозинка на НЛБ мКлик мобилната апликација.

Во наградната игра под слоганот „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ НЛБ Банка ќе награди 104 клиенти со вредни награди. Секој работен ден НЛБ Банка ќе доделува по два СМАРТ часовника или вкупно 86, а секоја среда ќе доделува по два СМАРТ телефони, односно вкупно 18 за целото времетраење на наградната игра.

 

Детали за Правилата за наградната игра „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ се достапни на веб страницата на НЛБ Банка (www.nlb.mk) на која воедно, секој работен ден по извлекувањето на дневните и неделните награди, ќе биде објавен списокот на добитниците. Наградите ќе може да се подигнуваат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во дирекцијата на НЛБ Банка на Ул. Водњанска бр.1, 1000 Скопје.

 

Дополнителна придобивка за новите корисници на мКлик мобилното банкарство е и актуелната промоција на НЛБ Банка која се однесува на сите нови активации на мКлик до крајот на годината за кои корисниците добиваат 3 месеци бесплатен НЛБ мКлик Стандард пакет со право на плаќање!

 

Зошто НЛБ мКлик?

 

НЛБ мКлик - мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата заштедувате време и финансиски средства и не зависите од работното време на експозитурите на Банката. Со аликацијата можете да ги извршувате сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата  од било  кое место, а дополнителен бенефит се пониските провизии за електронски налози во однос на налозите извршени во експозитура.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе