ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлука на 116-тата седница одржана денеска, 31.03.2023 година, го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката.
Вангеловски, кој моментално ја извршува функцијата Помошник на Управниот одбор, функцијата ќе ја преземе откако ќе ја добие лиценцата од Народната банка.
Вангеловски се приклучи на НЛБ Банка Скопје во април 2022 година. Неговото академско образование е економија во областа на финансиски менаџмент и сметководство. Има 22 години успешно професионално работно искуство, од кои 17 години на високи раководни позиции во банкарскиот и осигурителниот сектор, како и во прехранбената индустрија.
Како член на Управниот одбор, Вангеловски ќе раководи со повеќе сектори и служби во Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од досегашните три ќе се прошири на четири члена.
Cоопштенија за јавноста
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...