Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Граѓанската обврзница достапна преку експозитурите на НЛБ Банка Скопје

Втората граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии е достапна во сите експозитури на НЛБ Банка низ земјава.

Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари е веќе објавен,  а граѓаните можат да аплицираат за овој финансиски инструмент до 6 ноември до крајот на работниот ден, додека аукцијата ќе биде одржана на 7 ноември.

 

Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава и уплата на предвидениот паричен износ преку платежната сметка на потенцијалниот инвеститор.


Минималниот износ кој граѓаните можат да го вложат во овој финансиски инструмент e 10.000 денари со рок на две години, гарантирaн од државата, и атрактивна каматна стапка од 5%, а на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплати клиентот.

Граѓанските обврзници се можност за граѓаните да ги инвестираат своите слободни средства во развојни државни проекти. Тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.

 

Повеќе информации за граѓанската обврзница се достапни на веб страната на НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе