Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Граѓанската обврзница достапна преку експозитурите на НЛБ Банка Скопје

Граѓанската обврзница која ја издаде Министерството за финансии за граѓаните во земјава e достапна преку НЛБ Банка Скопје. Проспектот за првата аукција на граѓански обврзници е објавен на 30 јуни, а граѓаните можат да аплицираат за овој нов финансиски инструмент во сите експозитури на НЛБ Банка до 12 јули, 2023г, до крајот на работниот ден.

Како што информираше Министерството за финансии, станува збор за безризичен финансиски инструмент со рочност на две години, кој е гарантиран од државата, и кој им дава можност на граѓаните своите слободни средства да ги инвестираат во развојни државни проекти, со загарантирана каматна стапка од 5%. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата од 5%, додека на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплатат граѓаните.

     

Со ова НЛБ Банка Скопје дава своја поддршка во економскиот развој на земјата, тенденцијата на државата за збогатување на пазарот на хартии од вредност со нови финансиски инструменти,  и поттикнувањето на нови инвестиции во развојни државни проекти.

   

Инаку, обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во речиси сите економии и тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.

    

Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе