Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Бројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве два месеци

Почетокот на школската година носи радост и еуфорија кај учениците, но истовремено е и период кога повеќето од нас размислуваат за некаква промена. Дали е тоа нов автомобил, реновирање на станот, купување нов стан, или пак патување на омилената дестинација, сите имаме различни желби, приоритети и очекувања.

Затоа НЛБ Банка креираше впечатлива понуда за сите потенцијалните баратели на кредити, олеснувајќи им го кредитниот процес и овозможувајќи поголема достапност на сите кредити.

 

Во период од 1 септември до 31 октомври сите кои ќе аплицираат во НЛБ Банка за станбен, потрошувачки, хипотекарен или автомобилски кредит добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на недвижност за кредитите со обезбедување на недвижен имот. Постапката за одобрување е брза и едноставна.

Потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

 

За станбените кредити, Банката нуди до 10 години фиксна каматна стапка, како и можност за бескаматен кредит за опремување на домаќинството, во соработка со Нептун Македонија. Воедно,  на клиентите на располагање им е и широката понуда на градежни компании – сораборници со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање.

 

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600



Со почит, 

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе