Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти

НЛБ Банка, во соработка со своите партнери: Сава Осигурување, Кроациа Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и Генерали Инвестментс, го организира вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти. Караванот ќе се одвива во текот на целиот месец мај, пред експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата.

Едномесечниот караван има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за различни осигурителни и инвестициски продукти, односно финансиско советување за небанкарски финансиски продукти.

Дел од редовната понуда на НЛБ Банка се повеќе осигурителни, инвестициски и пензиски продукти со кои клиентите, во текот на едномесечниот караван, ќе имаат можност подетално да се запознаат, како и да ги искористат промотивните поволности за одредени осигурителни продукти и да добијат подарок.

 

За местото и времето на одржување на промотивните активности на караванот за финансиско советување, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и на партнерите со кои се реализира оваа активност. Деталниот  распоред на караванот е достапен тука.    

 

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која, следејќи ја својата стратегија за сеопфатни финансиски услуги, постојано го унапредува портфолиото на продукти и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанакарски продукти на едно место. Освен тоа, Банката овозможува советување и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби, како и за нивната идна финансиска стабилност, поквалитетно и посигурно живеење.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе