Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Втора кредитна линија на НЛБ Банка Скопје и ЕБОР

Скопје, 17.03.2022 – НЛБ Банка Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за втора кредитна линија од дополнителни два милиони евра за Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF).

Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

 

Како една од трите најголеми и системски најзначајни банки во земјата сметаме дека имаме важна улога во креирање на општата клима за финансирање на зелена енергија. Со оваа линија продолжуваме да обезбедуваме полесен пристап на домаќинствата до средства за финансирање на проекти во врска со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина што во целост кореспондира со нашата политика за одговорно кредитирање и одржливост. Горди сме на досегашната соработка со ЕБОР и придонесот кој го имаме во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, како и во севкупниот успех на Програмата за финансирање на зелена енергија на Западен Балкан - истакнува Бранко Грегановиќ, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

Посебна придобивка на програмата е што клиентите  кои аплицираат за заеми од GEFF, откако мерките за енергетска ефикасност ќе бидат успешно имплементирани, имаат право на  финансиски грант до 20 проценти од износот на кредитот, при што средства се обезбедени од Европската унија.  

 

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР изјави: ,,Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје во заедничката тенденција да се подобри пристапот до финансии на граѓаните, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, преку нашата позната GEFF програма, која станува се попримамлива. Со растечките цени на енергијата во Европа, граѓаните можат да ги користат овие кредитите за да ја намалат потрошувачката на енергија и да ги намалат сметките”.

 

Штефен Худолин, Раководител на одделот за соработка во ЕУ Делегацијата во Северна Македонија изјави:,, ЕУ останува посветена во поддршката на земјата, и за време на оваа енергетска криза ги поддржува програмите за енергетската ефикасност, од кои ѓраѓаните и домаќинствата ќе имаат корист. За нас и за идните генерации, треба да мислиме подалеку од тоа што ќе биде утре, и заради тоа нудиме добри финансиски програми кои ќе генерираат пониски сметки за електрична енергија. Нашата иднина е зелена, а транзицијата кон зелена и одржлива енергија е поврзана со добри инвестиции кои ќе ги направиме денес.”

 

Инаку, преку првата кредитна линија на НЛБ Банка за „зелени“ кредити, потпишана во со ЕБОР во 2020 година, целосно се пласирани 3 милиони евра до крајни корисници - физички лица, а досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации од 450 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе