Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Од викендов во Ист Гејт Мол Оствари ги своите желби со НЛБ кредит на лице место, дигитално и целосн

НЛБ Банка воведува нов кредитен продукт „НЛБ кредит на лице место“, прв и единствен на пазарот по своите карактеристики на уникатно и целосно дигитално клиентско искуство, достапен веќе од овој викенд во експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол.

Станува збор за ненаменски инстант кредит до 300.000 денари и рок на отплата до 60 месеци, а промотивно, сите оние кои до крајот на годината ќе ја посетат експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол, истиот ќе можат да го добијат без трошоци за апликација.

 

Аплицирањето за „НЛБ кредитот на лице место“ е брзо и едноставно без користење на хартија, преку целосно автоматизиран процес кој, за прв пат на пазарот, вклучува и дигитален потпис на кредитната документација.

Со НЛБ кредит на лице место“, клиентите веднаш имаат пристап до финансиската поддршка која им е потребна, а воедно даваат придонес и во заложбите на Банката за бесхартиено работење и зачувување на животната средина.

 

Следејќи ја својата стратегија за управување со животна средина и одржлив развој,  НЛБ Банка постојано работи на унапредување на своите процеси во насока на разумно искористување на природните ресурси и минимизирање на влијанието кое економските чинители го имаат врз животната средина.  Во тој контекст НЛБ Банка е целосно посветена  на деловно работење без хартија, а на среден рок, Банката има за цел комплетно да го замени хартиеното работење со дигитално. Токму затоа НЛБ Банка паралелно работи и на дигитализација на своите производи и услуги кои овозможуваат да се унапреди корисничкото искуство и притоа значително да се намали искористувањето на дрвата како природен ресурс.  

 

Претстојниот викенд, по повод годишнината на Ист Гејт Мол, НЛБ Банка се приклучува кон роденденската прослава и за сите посетители на експозитурата на Банката подготви низа забавни содржини - награден предизвик на тема „Како да ја зачуваме животната средина“ со многу награди за најдобрите.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе