Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Три признанија за НЛБ Банка од нашиот партнер Visa

За минатата 2021 година, НЛБ Банка е единствениот партнер на Visa во РС Македонија кој, заради извонредните резултати не само во земјата туку и во цела Југоисточна Европа, се закити со три престижни Visa признанија за:

  • Исклучителни Visa безготовински перформанси во Југоисточна Европа
  • Најдобри во класата Visa - Активација на спонзорство за Олимписките игри во Токио и
  • Крос-маркет Visa партнерство за проектот „Рамка за помош“ – поддршка на малите бизниси

Како што истакнуваат од Visa, НЛБ Банка е еден од неколкуте врвни перформери на Visa во (Payment Volume) - вкупен износ на безготовински промет реализиран од страна на целокупното Visa картично портфолио на Банката и (Payment Volume Growth) - oстварен раст на вкупен безготовински промет на целокупното Visa картично портфолио на Банката, во цела Југоисточна Европа во 2021 година.

 

„Овие признанија се потврда за големината на партнерствата кои ги градиме, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја даваме на заедницата во која делуваме. Упатуваме огромна благодарност до Visa и посебна благодарност до нашите клиенти, со кои, секоја награда има поинаква смисла и повисока вредност.“- истакнува НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе