Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

„Создаваме подобар свет“ НЛБ го доби првиот рејтинг за Управување со животна средина и социјални асп

„Да се подобри квалитетот на животот во нашиот матичен регион, Југоисточна Европа, е една од клучните стратешки цели на НЛБ Групацијата. На овој пат тргнавме решени да создадеме подобар свет, да оставиме подобри траги во регионот што го сметаме за наш дом, и исклучително сме горди што нашите напори и нашиот напредок се препознаени на начин што не оставаат никаков сомнеж во очите на инвеститорите и јавноста“, нагласи извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, откако НЛБ д.д. го доби својот прв рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG) од една од светските, водечки независни фирми за истражување, рејтинг и податоци во оваа област- Sustainlytics.

 

Во декември 2022 година, НЛБ д.д. доби рејтинг од 17,7 за Управување со ризици по животната средина и социјални аспекти. Од страна на Sustainalytics беше оценето дека НЛБ е со низок ризик од материјални и финансиски влијанија од факторите кои се дел од управувањето со животната средина и социјалните аспекти (ESG) поради средната изложеност и силното управување со материјалните ESG состојби. „Компанијата е позната по своите силни перформанси на корпоративно управување, што го намалува нејзиниот севкупен ризик. Понатаму, компанијата немала значителни контроверзии“, објаснува Sustainalytics. Дополнително, рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните апекти, ја става НЛБ меѓу 15-те проценти од најдобрите банки, оценети од компанијата.

„Создаваме подобар свет“ во нашиот матичен регион

 

Рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на работата на компанијата, кое наместо на кредитната способност се фокусира на исполнување на стандардите во областа на животната средина (E), социјалните аспекти (S) и управувањето (G). Во финансискиот свет тоа станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и на основа на тоа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. НЛБ е првата банка со седиште и ексклузивен стратешки интерес во Југоисточна Европа која го има добиено овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.

 

„Иако не ни недостасува дискусија за одржливост, рејтингот за Управување со животната средина и социјалните аспекти (ESG) сè уште е релативно малку познат во нашата средина. Затоа, не е чудно што НЛБ, како пионер и компанија која се стреми да биде движечка сила на развојот и напредокот во регионот на ЈИЕ, беше првата што се справи со овој предизвик“, објасни извршниот директор на НЛБ. „Оценките за ESG не се само празно „слово на хартија“ - тие се резултат на ревизија од независни и светски познати експерти, тие се поттик за нас и ги охрабруваат нашите засегнати страни да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности“, додава тој.

 

Напорите на НЛБ во областа на одржливоста ги опфаќаат еколошките, социјалните и управувачките аспекти. Да наведеме само неколку:

  • Изминатава година ја поставивме Рамката за одржливост на НЛБ Групацијата; насоките и целите на одржливиот бизнис, одржливото финансирање и придонесот кон општеството.
  •  НЛБ е првата банка од Словенија која се обврза на Принципите на ОН за одговорно банкарство, а пролетта оваа година се приклучи на „Net Zero Banking Alliance“ на Обединетите нации, чија цел е да ги усогласи кредитните и инвестициските портфолија со достигнување на нула нето емисии до 2050 година или порано.
  • НЛБ со децении важи за еден од најголемите и најистакнатите промотори и спонзори на спортски здруженија и настани во Словенија, пред сè, горди сме на долгогодишниот проект Младински спортови.
  • Инвестираме во културата и културното наследство – Банкариумот, првиот банкарски музеј во Словенија на пример, беше отворен во јуни 2021 година под покровителство на НЛБ.
  • Ги препознаваме можностите и одговорноста за помагање на економијата и надвор од рамките на банкарството, како што покажа проектот #РамкаЗаПомош.
  • Донираме за социјално загрозените групи
  • Интензивно се залагаме за еднакви можности, независно и професионално корпоративно управување.

 

Во НЛБ Групацијата, одржливоста на нашите одлуки и акции ја ставивме во срцето на нашиот бизнис. Како системски важни актери на сите пазари каде што работиме, имаме можност вистински да влијаеме на квалитетот на животот во нашиот матичен регион во Југоисточна Европа и да овозможиме тој да стане не само поуспешен, туку и поинклузивен, разновиден и одржлив. Можете да дознаете повеќе за нашите практики овде.

 

 

За Sustainalytics

 

Morningstar Sustainalytics е водечка фирма за истражување, рејтинг и податоци за ESG која ги поддржува инвеститорите ширум светот со развој и имплементација на одговорни стратегии за инвестирање. Речиси 30 години, фирмата е во првите редови на развојот на висококвалитетни, иновативни решенија за да се задоволат потребите на глобалните инвеститори. Денес, фирмата работи со стотици водечки светски менаџери на средства и пензиски фондови кои ги инкорпорираат информациите и проценките за ESG и корпоративното управување во нивните инвестициски процеси. Фирмата исто така работи со стотици компании и нивните финансиски посредници за да им помогне да ја разгледаат одржливоста во политиките, практиките и капиталните проекти. Повеќе информации за Sustainalytics и нејзините ESG рејтинзи на: www.sustainalytics.com.

  

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе