„Воодушевени сме и горди што нашиот проект #РамкаЗаПомош поттикна размислување и дискусија за одржливата иднина на нашиот матичен регион Југоисточна Европа, а дополнително, најдовме и компании кои ќе помогнат да се постигне оваа цел. Проектот покажа дека не недостасуваат луѓе со одговорен и далекусежен начин на размислување и луѓе кои со своите постапки се трудат да обезбедат поквалитетен живот. Судејќи според идеите и иновативноста на компаниите кои учествуваа во проектот, нема од што да се плашиме за одржливата иднина “- потенцираше Извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак при објавувањето и честитањето на регионалните победници на проектот: ANTEJA ECG svetovanje d.o.o. од Словенија, Montex Elektronika од Црна Гора и Smart Watering Solutions d.o.o. од Србија.
Дури 300 компании учествуваа во проектот #РамкаЗаПомош, со кој НЛБ Групацијата бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Меѓу нив, жирито од прво ниво најнапред избра 10 финалисти од секој пазар каде што работат нашите банкарски членови, а меѓународното стручно жири потоа ги избра тројцата најдобри меѓу нив. НЛБ Групацијата подготви спонзорски средства во износ од 100.000 евра за тројцата регионални победници (најдобриот проект ќе биде награден со 50.000 евра, второпласираниот проект со 30.000 евра и третопласираниот со 20.000 евра), додека консултантската куќа Deloitte им обезбедува 8 часа бесплатни професионални совети за успешно воведување на одржлив бизнис во стратешките и оперативните процеси на компанијата.
Кои се компаниите кои ќе ја реализираат својата визија со помош на НЛБ Групацијата?
Montex Electronics: Модерна технологија за справување со закани од пожари
„Заштитата на шумите од пожари е предизвик за секоја земја. Црна Гора не е исклучок, секоја година се соочува со големи штети од пожари“, велат од компанијата Montex Electronics кои решиле да направат нешто околу ова прашање. Така, врз основа на истражувања почнале да бараат решение за спречување на ризиците од пожари и намалување на нивните последици, па ја изработуваат Mokos (Мокос) платформата за рано откривање на пожари и навремено известување на надлежните служби преку активен центар за мониторинг. Проектот е вграден во опкружувањето и истиот ја обединува и координира работата на неколку служби и граѓани кога ќе се пријави потенцијален пожар.