Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица

Во духот на празнувањето и подарувањето, промотивно во текот на месец декември, НЛБ Банка подготви изненадувања за сите нови, но и постоечки клиенти, корисници на Visa Business картичките за правни лица.

Имено, клиентите кои во периодот од 1 до 31 декември 2022 година, ќе аплицираат за Visa Business картичка, вклучувајќи ги и дополнителните картички, истите ќе ги добијат без членарина за првата година на користење.

 

Бесплатна членарина на основната Visa картичка за следната година добиваат сите правни лица на Visa Business кои во споменатиот период ќе направат 15 или повеќе трансакции.

 

Дополнително, првите 300 правни лица кои во текот на декември ќе направат најмногу трансакции со Visa Business картичките, ќе добијат подарок од НЛБ Банка.

Visa Business е револвинг картичка која гласи на име на правното лице. Mожат да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Наменета е за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби на своите вработени.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе