Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица - без трошоци за одобрување и проценка до крајот

Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности.

Клиентите кои ќе одлучат да ја започнат својата станбена приказна со купување на нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ кредити - без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка (за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка).

Еден од главните приоритети на НЛБ Банка е корисничкото искуство и задоволство, па во таа насока Банката има широка понуда на кредитни продукти кои се лесно достапни и со поедноставени процедури. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а исплатата на кредитот е само со една посета на експозитура. На располагање е и мобилниот кредит во износ до 10.000 еур, кој е целосно автоматизиран и достапен во секое време, при што со само неколку клика во мобилното банкарство клиентите можат да дојдат до потребните финансиски средства. За корисниците на станбен кредит, Банката има особено флексибилен однос со цел изнаоѓање на вистинското решение, и широка понуда од повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

 

Подетални информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе