Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Промотивна кампања Mastercard кредитни картички

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето. 

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти - иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички, ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

 

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

 

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе