Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Групацијата ја завршува годината со донации на сите пазари каде што работи

Секој ден е одлична можност за споделување топлина и добрина, но некако се чини дека за време на празничниот декември овие доблести доаѓаат уште повеќе до израз. НЛБ Групацијата тоа добро го знае, поради што годината ќе ја заврши со донации за ранливи групи, но и во други добротворни цели, на сите пазари каде што работи.

„Светот е многу поубав и пошарен кога стоиме еден до друг и од срце создаваме нови можности, особено оние кои ги создаваме ние, со нашата поддршка’ велат од НЛБ Групацијата, чии вработени предложија и гласаа за различни здруженија, хуманитарни организации и групи на кои ќе им бидат доделени средства во вредност од над 500.000 евра.

 

Вработените во НЛБ Банка Скопје, преку интерна анкета, избраа три организации на кои Банката ќе им ги разубави овие празници. Донации ќе добијат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) чиј патрон е Банката од неодамна и Центарот за поддршка на лица со попреченост „Пркос“.

Дополнително, НЛБ Банка Скопје во соработка со организацијата на Црвениот Крст ќе донира хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за стари и изнемоштени лица кои живеат во рурални подрачја, тешко инфраструктурно достапни до редовни сервиси и потреби.

 

„Оваа година беше полна со предизвици за многу семејства, организации, компании, едноставно, година на предизвици за заедницата во која живееме и работиме и за регионот за кој знаеме да кажеме дека не е само точка на мапата, туку наш дом. Деновиве влегуваме во најубавиот период од годината, време на празници, дарување и среќа. А ние во НЛБ силно веруваме дека среќата е поголема ако се сподели со другите.  И во тој дух, оваа година, сите членки на НЛБ Групацијата одлучивме да ја споделиме радоста и да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. За таа цел, само нашата Банка издвојува 75.000 евра кои ќе ги намениме за помош на ранливите категории.“- истакнуваат од НЛБ Банка.

 

„Овој регион е нашиот дом. Тука се нашите семејства, пријатели, соработници, соседи, спортисти за кои навиваме, угостители кои знаат како го пиеме кафето… Овде можеме да дишеме со полни гради, да создаваме, да доживуваме подеми и падови, да градиме релации. Затоа, сосема е природно што сакаме да бидеме активно вклучени, да влијаеме и да го подобриме квалитетот на животот во нашиот дом преку создавање можности онаму каде што недостасуваат, особено во оваа празнична сезона. Затоа што свет полн со добрина  е свет полн со можности.“ – истакнуваат од НЛБ Групацијата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе