Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од 2 милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 еур и Зелен хипотекарен кредит кредит на износ до 50.000 еур.

Станува збор за кредити за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, кои ќе им помогнат на клиентите-физички лица да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти.

Како енергетски ефикасни технологии кои се прифатливи за кредитирање од оваа кредитна линија се сметаат инвестирања во топлинска изолација, топлински пумпи, енергетски ефикасни котли и печки за затополување, клима уреди, како и сончеви колектори за топла вода, соларни фотоволтаични системи и бојлери и замена на прозорци и врати.

 

Дополнително, преку овие кредитни продукти, кредитокорисникот има можност за поврат на грант до 20% од направената инвестиција кој е финансиран од Европската Унија.

 

Како општествено одговорна компанија, НЛБ Банка е фокусирана на поддршка на еколошки одржлива економска активност, особено активност која го поддржува намалувањето на трошоците на своите клиенти, на проекти поврзани со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина, што во целост кореспондира со политиката на Банката за одговорно кредитирање и одржливост.

 

Инаку, ова е втора кредитна линија на НЛБ Банка за Зелени кредити во соработка со ЕБОР. Во рамките на првата линија беа пласирани 3 милиони евра до крајни корисници - физички лица. Досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации над 460 илјади евра за успешно завршени проекти, кои и натаму се исплаќаат.

 

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на интернет страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

14.07.2026

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026- Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките

НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум кон...

Прочитај повеќе
10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе