Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за физички лица

НЛБ Банка, следејќи ја стратегијата за одржливост на ниво на НЛБ Групација, согласно стандардите за управување со еколошките и социјалните аспекти, во своето портфолио воведува нови „Зелени“ кредитни продукти наменeти за физички лица.

Веќе од денеска, во НЛБ Банка клиентите можат да аплицираат за зелените потрошувачки, станбени и автомобилски кредити кои се со поповолни каматни  стапки од стандардните кредитни продукти.

 

Со Зелениот станбен кредит, НЛБ Банка на клиентите им овозможува купување на ново - изградени станови од градежни компании - соработници и постоечки станови во сопственост на физички лица, единствено за објекти кои се сертифицирани од Агенцијата за Енергетика на РСМ со А и Б енергетски лиценци, како гаранција за високата енергетска ефикасност на објектот. Зелениот потрошувачки кредит претставува поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор и можност клиентите - физички лица, при изведба или реновирање на постоечки објекти, да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење во домот.

 

Клиентите кои ќе изберат да купат електричнo или хибридно возило, можат да аплицираат за  Зелениот автомобилски кредит на НЛБ Банка.

Со зелените кредити, НЛБ Банка стимулира купување на недвижности со енергетска лиценца, подобрување на енергетската ефикасност на постоечките објекти и инвестирање во еколошки транспорт и е-мобилност, со што се придонесува кон намалување на загадувањето на животната средина, емисиите на стакленички гасови во воздухот и одржлив развој.

 

И досега НЛБ Банка пласираше „Зелени“ кредити, од Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF). Преку двете кредитни линии во сораборка со ЕБОР целосно се пласирани 5 милиони евра до крајните корисници - физички лица кои беа наменти за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор.

 

НЛБ Банка ја имплеметираше одржливоста како концепт во сите свои деловни операции и практики кое сè повеќе стануваат приоритет на локално и регионално ниво на сите пазари каде е присутна НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата е меѓу првите во финансиската индустрија во југо-источна Европа која постави амбициозни цели за управување со животната средина и социјалните аспекти, фокусирајќи се на воведување производи кои промовираат одржливост и енергетска ефикасност.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе