Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за прав

Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.

Во промотивниот период, сите нови корисници кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик го добиваат Проклик мини пакетот без надомест за користење во текот на ноември и декември, а во наведените месеци новите корисници ќе можат да ги реализираат и сите електронски налози без трошок за електронско плаќање.

Електронското и мобилното банкарство за правни лица на НЛБ Банка нудат бројни придобивки за корисниците - брзо и едноставно реализирање на сите банкарски трансакции за компанијата, директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и од секое место.  Електронското плаќање ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите, помага во заштеда на време, но и средства, бидејќи електронските налози се поевтини од хартиените.

    

Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење.  Воедно, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува  директен контакт со  Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.

 

Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/15600 или во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе