Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички „За бизнис и задоволство“

Од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички.

Имено, во текот на месец јуни, правните лица-иматели на сметки во НЛБ Банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мastercard Business картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата.

 

Поконретно, постоечките корисници на Mastercard Business картичките, кои во периодот од 1 до 30 јуни, ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за картичката за следната година на користење и специјален подарок.

Воедно, бесплатна членарина за првата година на користење добиваат и сите оние правни лица кои во наведениот период ќе аплицираат за Mastercard Business кредитни и/или дебитни картички.

 

Mastercard Business картичките се наменети за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби. Можат да се користат за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина.

 

Повеќе детали за Mastercard Business картичките и промотивните понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе