Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Од 1-ви септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката.

Во промотивниот период, клиентите добиваат единствена можност посакуваниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на заложниот имот притоа со брза и едноставна процедура на одобрување, што претставува дополнителна придобивка за клиентите.

Фокусирана првенствено на корисничкото искуство и задоволство,  НЛБ Банка овозможува брз и едноставен процес за одобрување на потрошувачките кредити. Во експозитурите на Банката тие се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура. За дигиталните корисници, потрошувачките кредити до 600.000 мкд се достапни и преку мобилното банкарство, каде со само неколку клика, средствата од кредитот се достапни веднаш на трансакциската сметка на клиентот.

 

За сите клиенти кои се во фаза на решавање на своето станбено прашање, Банката нуди станбени кредити со низа различни опции, притоа имајќи флексибилен пристап во наоѓање на соодветно решение за секој клиент, согласно неговите потреби. Исто така, во соработка со повеќе градежни компании, како дополнителна поволност, овозможени се поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

 

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе