Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка.

Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат.

На овој начин Банката ја дава својата поддршка на македонските компании за нивна поголема ликвидност, а со тоа и на целата домашна економија, бидејќи ги стимулира бизнисите, својата остварена добивка во 2021 година да ја реинвестираат во нова технологија или човечки капитал. На тој начин компаниите добиваат можност на долг рок да ја зголемат додадената вредност на своите производи и услуги, да ја подобрат својата конкурентност и да станат поотпорни на макроекономските шокови.

 

НЛБ, како Банка која се грижи за своите клиенти и ликвидноста на домашните компaнии, со новата кредитната понуда и соработката со Развојната Банка на РСМ, дава значаен придонес за креирање на позитивна економска клима во државата.

 

Повеќе информации за овој кредитен продукт на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на следниот линк https://bit.ly/3zZBnuq или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе