Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Пет награди за НЛБ Банка Скопје во најновото рангирање на реномираниот магазин „Finance Central Euro

„Finance Central Europe“ ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ Банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал.

„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ Банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ Банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме Банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

„Finance Central Europe“ e реномиран финансиски магазин кој веќе 23-та година по ред ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе критериуми. Наградите од „Finance Central Europe” се доделуваат врз основа на прецизно финансиско рангирање што се темели на професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

 

НЛБ Банка Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија. Таа е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од нејзините најголеми и најуспешни банки, со постојан тренд на раст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па сѐ до денес.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе