Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка сертифицирана за Фер финансиски услуги за потрошувачите

Организацијата на потрошувачите на Македонија ја сертифицираше НЛБ Банка со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“.

Сертификатот е потврда за високото реноме кое Банката го има на пазарот, грижата и респективниот однос кон клиентите и заложбите за фер договорни и продажни практики, политики и процедури во интерес на клиентите, точни и навремени продажни информации и практики за едукација на клиентите и развој на финансиската писменост, што практично беа и критериуми врз основа на кои се изврши верификацијата. 

Во просториите на Банката, претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велкова и официјално му го врачи сертификатот на Претседателот на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ кој во оваа прилика изјави:

 

„Овој сертификат е уште една потврда за тоа дека нашата Банка е клиентски ориентирана банка. Клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство е мотивација повеќе за нас да продолжиме да ја унапредуваме, не само нашата понуда, туку и севкупниот однос кон оние за кои постоиме и работиме. Горди сме на овој сертификат, но и на низа други признанија кои говорат за пристапот на етичност, чесност и фер однос кон клиентите изграден низ годините. Тоа се наши трајни вредности кои продолжуваме да ги негуваме, но истовремено, следејќи ги потребите на клиентите продолжуваме да се развиваме, да ја зголемуваме нашата ефикасност и капацитети затоа што силно веруваме дека јавноста и потрошувачите тоа знаат да го препознаат.“

 

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велкова упати честитки до НЛБ Банка и истакна:

 

„Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека НЛБ Банка е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo. Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на НЛБ Банка кон процесот на сертификација. Во сите шест дефинирани области за сертификација, Банката ги исполни условите и се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој ја верификува обврзаноста на НЛБ Банка и натаму да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон нивната доверба и задоволство.“

 

Проектот за сертификација кој го спроведува Организацијата на потрошувачи на Македонија е дел од проект на ЕУ за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Во рамките на постапката за стекнување со сертификатот, Организацијата на потрошувачи на Македонија и НЛБ Банка потпишаа Договор за соработка кој го интегрираше целокупниот процес за верификација на исполнетоста на повеќе критериуми за стекнување статус на носител на сертификат за „Фер финансиски услуги кон потрошувачите.“

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе