Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најградувана банка во РС Македонија.

Престижното признание „Банка на годината“ магазинот The Banker го темели на основ на повеќе критериуми меѓу кои, остварените финансиски резултати, иновации и развој на нови производи, услуги и технологии, вредност за клиентите, лидерство во општеството и стратешка предност во однос на конкуренцијата.

„Да се понесе, по единаесетти пат, признанието „Банка на годината“ од најдолготрајната меѓународна банкарска титула во светот е вистинска чест за нашата Банка и доказ за силното управување, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот.  Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјавува Претседателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ по повод признанието и додава: „Оваа 2022 година ни покажа колку силно влијание имаа претходните две ковид години врз функционирањето на бизнисот, барајќи од нас големите предизвици да ги претвориме во решенија за иднината. Следејќи ја значајната промена на навиките на нашите клиенти поради пандемијата, економската криза и придвижувањето на клиентите во дигиталниот свет, ние во НЛБ Банка го засиливме развојот на иновативни производи прилагодени на потребите на нашите клиенти и целата економија. Нашите идни планови и натаму остануваат поврзани со интересите на граѓаните и економијата на земјата. Два аспекта ќе бидат особено важни во тој поглед. Прво, одговорното делување во насока на одржлив развој и второ, нашите производи, кои ќе бидат насочени кон поддршка на клиентите да го најдат својот пат во дигиталниот свет. Секако, клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство останува наш врвен приоритет.“

     

НЛБ Банка е меѓу водечките финансиски институции и втора системски најзначајна банка во земјата. Одличните резултати на НЛБ Банка се должат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти, квалитетни финансиски услуги, висока оперативна ефикасност и значајни инвестиции во дигиталните сервиси.

     

Во трите квартали од 2022 година, НЛБ Банка, и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор. Така, во деветте месеци од годината, вкупните кредити што Банката ги пласираше кон населението и бизнис секторот достигнаа вредност од 1.107 милиони евра. Благодарение на посветеноста во креирање на конкурентни продукти, прилагодени на состојбите на пазарот и на потребите на клиентите, Банката го заврши третиот квартал од годината со остварена нето добивка од 33 милиони евра што претставува зголемување од 21% во однос на претходната. Следејќи ја стратегијата за општествената одговорност и реализација на агендата за одржлив развој, Банката реализираше проекти за унапредување на заедницата, заштита на животната средина, придонесувајќи кон порамномерен и поинклузивен економски и социјален систем.

     

Угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2022 година на свечена церемонија којашто се одржа на 1-ви декември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 120 земји во светот. Меѓу наградените е и уште една банка – членка на НЛБ Групацијата,  НЛБ Банка Подгорица.

     

 

За The Banker

 

Меѓународната публикација за финансии The Banker е во сопственост на The Financial Times Ltd. Речиси еден век, The Banker е водечки светски магазин кој ја следи банкарската индустрија преку теми поврзани со глобалните финансиски случувања, отсликани преку мислења, профили и интервјуа на банкарски и финансиски фигури. Признанијата на The Banker за „Банка на годината“ се сметаат за Оскари во банкарската индустрија и истите се доделуваат на врвни финансиски институции во светот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе