Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка ја продолжува промотивнa кампања за кредитите за физички лица - без трошоци за одобрување

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица, пришто сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитите, ќе имаат можност да искористат низа промотивни поволности.

Клиентите кои овој јули ќе се одлучат за купување на нов дом, но и оние кои во текот на летото имаат потреба од финансиски средства за реализација на своите планови, добиваат единствена можност, подигнувањето на кредитот да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка, за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка.

Дополнителна придобивка на НЛБ кредитите е нивната лесна достапност, едноставни процедури  и брзина на одобрување. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика во мобилното банкарство ако клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит во износ до 10.000 еур.

   

Кога станува збор за станбените кредити, Банката има флексибилен однос со цел изнаоѓање на вистинско решение за секој клиент, а преку одличната соработка со градежните компании, Банката на своите клиенти им овозможува поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

    

Повеќе информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе